• English
  • Български
  • Македонски

Иво Пецов – филозофија, вибрации и ритмика. Интервју за Арт Аларма и Силвија Павлова

Можете да научите повеќе за филозофијата и творечките трагања на Иво Пецов во новото интервју, кое го даде авторот за Арт Аларма:

Разкажи ни малку за твојот стил, испраќаш ли пораки преку својата уметност или ја споделуваш својата фантазија со публиката?

Стилот е последица од животот, а ликовната уметност ги покажува точно тие отпечатоци од вибрациите и ритмиката на нечиј живот. Во стилот е вплетена целата личност на оној кој го има создадено делото, целиот негов живот до моментот на творење, преку различните тоналности, линии, комбинации од бои и т.н. Таа целосност говори со таинственост, со начините, кои ја надминуваат можноста од целосно разумно, логичко толкување на ликовното дело. Таа таинственост е „прелеана“ од самата таинственост на животот. Како што целосно не умееме логички да си го објасниме настанот „живот“, така и не можеме целосно да ги одгатнеме кодовите на стилот на одредено ликовно дело. Но, стилот ни говори освен преку објасливи, така и преку необјасливи начини, инкорпорирани во кодовете на композицијата. Не можеме да го видиме животот преку нашите телесни сетила, видливи се само трагите, кои ги нарекуваме уметност.

Цртајки и создавајки ги своите ликовни дела, особено во последно време, јас ја преземам одговорноста од моето влијание врз гледачите, зашто се обидувам да го предадам своето разбирање за реалноста. Сепак моето становиште е дека реалноста е многу поапстрактна и е во многу повеќе нивоа, одколку ни се сака да биде, за да биде лесно разбирана. Мојот стил се заснова на моите лични трагања по реалноста и со времето се обидував, според моите можности, да го пречистувам и разграничувам од комерцијалното и стоката за тргоовија. Како и многу други уметници работам на други места, за мојата материјална егзистенција и така си ја осигурувам можноста во уметноста да бидам целосно искрен.

Во изложбата поставена во галерискиот простор на Кошера (која продолжува до крајот на јули 2017 год.), поставив избрани дела, создадени во периодот 2011 – 2016 година. Се потрудив да покажам со што се разликуваат тие. За разлика од многу други автори, кои намерно го избегнуваат личниот аспект во своето творештво (за сметка на форма на објективност и би рекол научност), јас не се плашам да творам од страна на својот личен аспект. На оваа изложба може да се видат моите различни во времето инспирации и промената на стилот, која би одговарала на соодветното мое ликовно трагање. Во зависност дали имам толкувано социално-општествен проблем („Отсуството на хероите“ или „Меѓуодноси“) или сум создавал дела, кои ги третираат прашањата за постоењето или непостоењето („Нетрајно“), имам користено различни методи, кои според мене адекватно би одговориле при пренесувањето на моето внатрешно осеќање преку ликовното дело. Оние мои дела, во кои сум барал единствено пренесување на разположение, се моите најапстрактни творби. Тие најчесто наликуваат на природни форми или простори. Делата ми се продукт од моите моменти инспирации и преку нив испраќам пораки или одговарам на прашања или разположенија, преку кои ги канам гладачите кон концентрирано потопување во делото. Ја споделувам својата имагинација, а нејзиното влијание има можност да променува.

Веруваш ли дека ликовното дело содржи енергија, којашто влијае на потсвесно ниво на гледачите и просторот, во кое се наоѓа?

Се разбира дека уметноста влијае и променува. Како што одредена книга може да ни повлијае и да ни го промени начинот на мислење, така и одредено дело на визуелната уметност може да не промени или повлијае со особено силен интензитет, ако се наоѓа во пространство кое често го посетуваме или престојуваме долго време. Уметничките предмети поседуваат особено силен енергетски набој, затоа не е случајно што во древни времиња се земани како сериозна содржина од секојдневниот живот, кое што може да променува судбини или да подејствува врз ходот на настаните. Силата и вистината за влијанието на уметничките дела е реална и денес, но нашиот однос кон барањето на реалноста се има променето. Во ерата на техничкиот прогрес ние сме свикнале да бидеме конзуматори, а не трагачи на задлабочено знаење. Замислуваме дека животот е должен да ни носи само удобства, а ние сме оние кои постојано имаме право да критикуваме.

Уметноста е секогаш таква, каков што е животот. Ако животот ни е несреќен, таква ќе ни биде и уметноста. Не е лесно будниот ум на един творец да повлијае позитивно врз несреќното општество, но не исклучено и јас верувам дека е возможно.

Ти работиш со различни техники и навистина ефектот на секое од делата е со ралична звучност. Што ти даваат тие, со која од нив се чувствуваш најдобро и го постигаш максимумот на твојата идеја?

Никогаш не сум сакал да се дефинирам и мислено да се ограничувам, за тоа дека треба да работам со една или друга техника, за да го постигнам својот максимум. Изборот на техника и тематика, на кои би работел, секогаш си доѓаат од само себе. Решенијата доаѓаат од готовноста, со кои сакам да ги разоткријам внатрешните пориви. Самиот сум се изненадувал, кога на моменти спротивно на мојата инертна желба за доследност, напира потребата од промена на техниката и стилот. Тогаш разбирам дека уметноста е нешто многу подлабоко и непредвидливо и си доаѓа самостојно.

Што те спасува како творец во денешната реалност?

Да бидеш уметник секогаш било тешко. Не сметам дека одредено време е подобро од друго. Изборот е секогаш дека нашето време е најдобро… инаку немаше да постоиме сега. Се разбира, општествената реалност на денешното време е доста сурова. Тоа се должи на целокупното наше превоспитание, преку мас-медиумите и претворањето на индивидуите во броеви од конзуматори. Конзуматорската реалност целосно не има поплавено и  нашите мозоци се постојано напаѓани од тоа да не гледаме друго, освен потребата да ја играеме улогата на конзуматори. Матрицата на илузијата никогаш не е била посилна.

Творците, како секогаш, се должни да се сведоци на вистината. Пожртвувано и смело да ги изразуваат своите гледишта и да внесуваат промена преку своето творештво. Тоа е улогата на творецот – да дава, а не да очекува дарови. Затоа творците се аристократи на духот и затоа е потребно да им се оддава повеќе внимание. Опшеството кое ги угнетува или уништува творците и творечките личности е обречено не само на неуспех, но и на исчезнување.

Во денешната реалност ме води мислата дека имам улога во животот и дека треба да ја изведам по најдобриот можен начин.

Сметаш ли дека ликовната уметност е елитистичка или е наменета за масите?

Вистинската уметност никогаш не била на масите – така било и така ќе биде. Вистинска уметност ја нарекувам онаа уметност, која внесува промени и го подига човекот на посвесно ниво на постоење. Масите не бараат промени или предавања, тие бараат комфорт и поддршка на илузијата во која што живеат. Но и елитистичка не е, ако се има во предвид дека елитата е составена од богати и влијателни луѓе во општеството. Уметноста е наменета за сите, но помалку се луѓето, кои се осетливи кон нијансите на реалното постоење. И така, би рекол, дека уметноста е за оние кои имаат очи, уши и големи срца. Уметноста е за оние кои се чисти, кои сакаат да учат нови работи и се исполнети со љубов кон животот.

Според тебе, какви квалитети и вештини треба да поседува еден уметник, за да се реализира успешно?

Јас сум од луѓето кои постојано и повторно внатрешно бараат оправдување да се нарекуваат уметници. Сум ги среќавал и сум еден од нив. „Уметник“ не е титула и не е засекогаш, а е состојба, која бара постојаност и оддаденост со љубов кон творењето. Човек кој создава и твори со љубов. Заради насладата од творечкиот акт, тој човек е готов на се и се нарекува уметник. Уметникот е ирационален и малко луд, а во одредени моменти изгледа глупав, зашто излегува од општо прифатените рамки на однесување и начин на мислење. Да се реализира еден уметник е потребно да биде готов на се, за да ја заштити својата љубов. Што всушност значи да се реализира еден уметник? Да биде материјално обезбеден и медиумски познат ли? Ван Гог дали се има реализирано како уметник или кога точно се има реализирано – по време на неговиот живот или после неговата смрт? Според мене, најважните квалитети кои треба да поседува еден уметник се неговите смелост, лудост и љубов!

Неодамна имаше твоја изложба во Р. Македонија, раскажи ни малку за тоа што претстои?

Во изминатиот период отворив и втора изложба во Гевгелија, Р. Македонија, каде што претставив творби од својот најнов творечки циклус. Во блиска иднина се надевам да остварам изложба и во Букурешт, каде за прв пат ќе се сретнам со романската публика. Најважното кое претстои се уште многу усилби и се надевам на задоволувачки резултати на творечки план.

Софија, 13.07.2017

Иво Пецов е ликовен уметник роден 1980 год. во Македонија. Го завршува Државното училиште за применети и ликовни уметности “Лазар Личеноски”, Скопје во 1999 год. Од истата година е студент на Националната ликовна академија, Софија, каде што го завршува четиригодишното образование, кај проф. Стојан Стојанов-Течи и магистерски студии кај проф. Здравко Стојанов, специјалност „Графика“. Својата докторска дисертација ја одбранува во 2010 год., научен раководител му е проф. Ружко Челебиев, специјалност „Ѕидно сликарство“.

Иво Пецов е член е на ДЛУМ од 2004 година и има учествувано на некои од длумовите изложби. Тој е еден од иницијаторите за создавањето на друштвото УМ од Виница, Македонија во 2005 година и од тогаш ги организира изложбите, кои во блиска иднина ќе добијат меѓународен карактер. Учествува на голем број групни изложби во Македонија, Бугарија и Португалија.

Неговата прва самостојна изложба е во Македонија 2001 год. Следуваат самостојни изложби во Скопје, Сантарем во Португалија, както и во „Дом на културата” во Виница, во НУЦК „Ацо Шопов” Штип, Македонија во 2010 година.