Иво Пецов е роден на 17 март 1980 година во Кочани, Република Македонија.
До завршувањето на основното училиште живее во Виница. Во 1999 година, во Скопје, го завршува Училиштето за Применета Уметност „Лазар Личеноски“, отсек „Графика“. Своето академско образование го продолжува во Софија, Бугарија на Националната Академија за Ликовни Уметности, на одделот „Графика“, каде магистрира во 2005 година. Во 2010 година успешно докторира на истата академија, на одделот „Ѕидно сликарство“. Насловот на неговата дисертација е „Современа зографска дејност во Република Македонија (1958 – 2008)“.
За неговото формирање како ликовен уметник значајни се уметниците Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото и Жарко Јакимовски, кои му ги предаваат знаењата и искуствата од областа на цртежот, графиката и сликарството во Средното уметничко училиште во Скопје.
Графичарите Стојан Стојанов – Течи и Димо Колибаров во Академијата во Софија ги надополнуваат знаењата и вештините во областа на класичките графички техники, во сите разновидности на графичкиот печат – висок, длабок, литографија и слично. Неговиот студентски период е бележан од доста експериментирања со техниките мецотинта, акватинта, гравура, бакропис, сува игла, литографија и нивниот начин на печатење.
Научниот пристап кон ликовната уметност го усовршува по време на докторандскиот период во одделот „Ѕидно сликарство“ на Академијата во Софија, под менторство на муралистот Ружко Челебиев.
Како уметник е активен со многу групни изложби во различни градови во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија, Шпанија, Италија. Има изложувано свои дела на 19 самостојни изложби во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија и Германија. Учесник е на многубројни меѓународни ликовни колонии.
Во 2005 година, заедно со свои колеги од Македонија, учествува во основањето на друштвото на уметниците УМ од Виница.
Од 2014 година е иницијатор и организатор на ликовниот проект „Конекција“ на КИЦ на РСМ во Софија, преку кој се реализираа многубројни групни изложби на значајни македонски и бугарски автори во РБ и РСМ.
Куратор е на изложбите со наслов „Предизвици и насоки“ 2021, „Слобода?!“ 2022, „Средба од десетти вид“ 2023 во кои е претставена современа македонска и бугарска ликовна уметност од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ. Изложбите се реализираат во различни градови на Бугарија и Северна Македонија. Куратор е и на изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ во 2024 година.
Има публикации во научни списанија, каде има работено на теми од областа на естетиката и ликовната уметност.
Негови дела поседуваат поединци во Бугарија, Северна Македонија, Србија, Романија, Швајцарија, Португалија, САД.
Дела на Иво Пецов поседуваат познати општествени дејци во Северна Македонија и Бугарија, како и премиер и претседатели на овие две држави.
Иво Пецов е ликовен уметник, куратор и теоретичар на ликовната уметност базиран во Софија, Бугарија. Работи во КИЦ на Северна Македонија во Софија, како уредник на програмата за реализација на културни настани, и во „Ликовна академија“, УГД – Штип, како насловен доцент.
Награди и признанија:
2023 Скопје, Северна Македонија, Наградата за графика на Годишната изложба на ДЛУМ
2023 Монтана, Бугарија, Номинација за награда за графика на Биенале „Тенец“
2023 Пазарџик, Бугарија, Почесна диплома на Националната графичка изложба
Самостојни изложби:
2020 Софија, Бугарија, КИЦ на РСМ во Софија / 20.10 – 15.12
2019 Софија, Бугарија, КИЦ на РСМ во Софија / 04.02 – 17.05
2018 Берлин, Германија, Галерија на „Прима Центер“ / 30.11 - 14.12
2018 Софија, Бугарија, Галерија „Art 36“ / 16.05 - 30.05
2017 Букурешт, Романија, Галерија “Theatelier.ro” / 18.08
2017 Софија, Бугарија, Галерија „Пентименто“ / 08.11- 21.11
2017 Гевгелиja, Македонија, Галерија „АМАМ“ / 04.07 - 11.07
2017 Софија, Бугарија, Галерија „HIVE – КОШЕР“ / 22.06 - 03.08
2016 Софија, Бугарија, Галерија „Арт 36“ / 16.06 – 04.07
2015 Виница, Македонија, Галерија „Венеција“ / 12.12 – 09.01.2016
2014 Софија, Бугарија, “Steppenwolf Gallery” / 28.06 – 27.07
2013 Виница, Македонија, Галерија Теракота при Музеј на град Виница / 22.11 – 17.12
2013 Софија, Бугарија, КИЦ на Република Македонија / 18.04 -14.05
2012 Лисабон, Португалија, Галерија „Espaço Cultural Mercês” / 07.04 – 21.04
2012 Софија, Бугарија, Галерија „Лик“ / 14.03 – 03.04.2012
2010 Штип, Македонија, Дом на културата „Ацо Шопов“
2006 Виница, Македонија, Дом на културата „Тошо Арсов“
2004 Скопје, Македонија, Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје
2001 Виница, Македонија, Дом на културата „Тошо Арсов“
Групни изложби:
2023 Софија, Бугарија, Галерија [A] CUBE / 21.12 – 21.01.2024
2023 Банкја, Бугарија, галерија на Арт центар Банкја / 10.11 – 08.12
2023 Сандански, Бугарија, галерија на град Сандански / 08.11 – 19.11
2023 Скопје, Северна Македонија, НГМ, „Мала станица“ / 01.11 – 11.11
2023 Монтана, Бугарија, галеријата „Кутловица“, биенале „Тенец“ / 06.10 – 06.11
2023 Пазарџик, Бугарија, галерија „Станислав Доспевски“ / 01.09 – 03.11
2023 Варна, Бугарија, галерија „Борис Георгиев“, Графичко биенале / 11.08 – 30.09
2023 Софија, Бугарија, галерија „Академија“ на НХА / 11.07 – 30.07
2023 Софија, Бугарија, галерија „Мисијата“ на МНР на РБ / 21.03 – 18.04
2023 Скопје, Северна Македонија, Дом на АРМ / 23.02 – 04.03
2022 Куманово, Северна Македонија, Галерија на НУЦК / 18.11 – 07.12
2022 Скопје, Северна Македонија, „Мала Станица“ на НГМ / 18.10 – 28.10
2022 Русе, Бугарија, Уметничка галерија – Русе / 18.10 – 08.11
2022 Плевен, Бугарија, Уметничка галерија „Илија Бешков“ / 26.07 – 12.08
2022 Ловеч, Бугарија, Уметничка Галерија „Проф.Теофан Сокеров“ / 30.06 – 24.07
2022 Созопол, Бугарија, Градска ликовна галерија / 05.06 – 20.06
2021 Скопје, Северна Македонија, НГМ - Мала станица / 01.12 – 12.12
2021 Рим, Италија, Галерија "Il Collezionista" / 04.12 – 17.12
2021 Мантуа, Италија, Музеј „Франческо Гонзага“ / 01.10 – 10.10
2021 Струмица, Северна Македонија, НУЦК „Антон Панов“ / 12.07 – 23.07
2021 Куманово, Северна Македонија, НУЦК „Трајко Прокопиев“ / 25.06 – 07.07
2021 Бургас, Бугарија, Културен центар „Морско Казино“ / 09.06 – 30.06
2021 Созопол, Бугарија, Градска ликовна галерија / 01.06 – 08.06
2021 Софија, Бугарија, Галерија [A] CUBE / 14.03 – 28.03
2020 Софија, Бугарија, Интерпред, Галерија на уметниците од „Изгрев“ / 04.11 – 27.11
2019 Скопје, Северна Македонија, Галерија НЛБ / 22.07 – 29.07
2019 Созопол, Бугарија, Центар за Уметности, Локални занаети и Традиции / 01.06 – 07.06
2019 Пловдив, Бугарија, Балабанова Куќа / 07.05 – 30.05
2018 Созопол, Бугарија, Центар за Уметности, Локални занаети и Традиции / 01.06 – 15.07
2018 Пловдив, Бугарија, Мала Базилика на Филипополис / 18.05 – 30.05
2017 Бургас, Бугарија, Регионална Библиотека “П. К. Јаворов” / 18.07 – 25.07
2017 Созопол, Бугарија, Градска Галерија / 03.06 – 07.06
2017 Пловдив, Бугарија, Балабанова Куќа / 18.05 – 31.05
2017 Софија, Бугарија, Културно-информативен центар на Република Македонија / 17.02 – 16.03
2016 Пловдив, Бугарија, Балабанова Куќа / 14.07 – 15.08
2016 Стара Загора, Бугарија, Регионална Библиотека „Захари Књажески“ / 05.07-14.07
2016 Созопол, Бугарија, Археолошки Музеј / 06.06 – 12.06
2016 Софија, Бугарија, Културно-информативен центар на Република Македонија / 17.02 – 20.03
2015 Виница, Македонија, Галерија Венеција, Изложба на Здружението УМ / 28.11 – 11.12
2015 Кадакес, Шпанија, 35th Mini Print International / 27.06 – 30.09
2015 Созопол, Бугарија, Градска Галерија / 03.06 – 30.06
2015 Пловдив, Бугарија, Балабанова Куќа / 16.05 – 28.05
2015 Харманли, Бугарија, Културен Центар / 24.04 – 17.05
2015 Русе, Бугарија, Галерија на Асоцијацијата на Ликовните Уметници / 06.03 – 19.03
2015 Кавадарци, Македонија, Дом на културата „Иван Мазов - Климе“ / 27.02 - 06.03
2015 Софија, Бугарија, Културно-информативен центар на Република Македонија / 05.02 – 20.02
2014 Благоевград, Бугарија, Југозападен Универзитет „Неофит Рилски“ / 20.11 – 01.12
2014 Виница, Македонија, Галерија Венеција, Годишна изложба на Здружението УМ / 20.09 – 10.10
2014 Велико Трново, Бугарија, Центар за кул. иницијативи „Таралеж“ / 11.08 – 21.08
2013 Битола, Македонија, Центар за култура - Битола / 16.08 - 24.08
2012 Виница, Македонија, галерија „Теракота” при Музеј на Град Виница, Изложба на здружението УМ / 14.09 - 30.09
2012 Софија, Бугарија, МОЛ „Сити Центар” / 10.06 – 10.08
2011 Лисабон, Португалија, “Galeria Praca das Flores”
2010 Виница, Македонија, Музеј “Теракота”, Изложба на Здружението УМ
2011 Софија, Бугарија, МОЛ „Булевард“
2011 Виница, Македониja, Музеj „Теракота”
2010 Виница, Македонија, ВИП Кафе, изложба на цртежи
2010 Скопје, Македонија, Дом на АРМ, Изложба „Цртеж и графика”
2010 Раднево, Бугарија, Дом на културата, Изложба на дела од уметничката колонија „Светлина, земја, луѓе”
2008 Софија, Бугарија, Галерија на Националната Ликовна Академија, Изложба по повод 60 год. катедра „Ѕидно сликарство”,
2008 Скопје, Македонија, Музеј на град Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ
2006 Скопје, Македонија, Музеј на Современа Уметност, 11-ти Зимски салон, селектор Dr.Rolf Kulz - Mackenzie
2005 Скопје, Македонија, Прва изложба на карикатури на НАТО “Светот и Македонија”
2005 Виница, Македонија, Дом на Културата, Изложба на Здружението УМ - Виница
2005 Скопје, Македонија, ДЛУМ графика, НУБ “Св. Климент Охридски
2005 Скопје, Македонија, Арт Салон на ДЛУМ
2004 Евора, Португалија, Интернационално Биенале - 4th Printmaking Festival of Evora
2003 Битола, Македонија, Меѓународно Графичко Триенале
2003 Софија, Бугарија, НДК, Втора интернационална изложба на мала графика “Lesedra”
2002 Нова Загора, Бугарија, Младински центар
2002 Штип, Македонија, Дом на културата, Штипско културно лето
Публикации во научни списанија:
- Pecov, Ivo. THE CONNECTION BETWEEN THE FINE ARTS AND THE POETRY OF ROMAN KISSIOV AS SUPPLEMENT TO THE PERCEPTION OF BROADER CREATIVITY, Journal of International Scientific Publications: Language, Individual & Society, Volume 8 / 2014, Pages: 436-445
-Pecov, Ivo. THE CONNECTION BETWEEN PAINTINGS OF PERICA GEORGIEV – PEPSI AND THE POETRY SELECTED BY THE ARTIST, AS SUPPLEMENT TO THE PERCEPTION OF BROADER CREATIVITY, Journal of International Scientific Publications: Language, Individual & Society, Volume 7 / 2013, Part 1. Pages: 377 – 385
-Пецов, Иво. Някои характеристики на зографската дейност в Р. Македония от последното десетилетие на XX век, Проблеми на приложните и изящните изкуства, т. 2. НХА, София, 2008.
-Пецов, Иво. Зографската дејност од времето на Јован Митрополит до крајот на XX век – згаснатата традиција и нејзиното продолжение, Музејски гласник, бр. 10, Н.У. Музеј, Куманово, 2009.
-Пецов, Иво. Влиянието на консерваторите и реставраторите от държавните институции в Р. Македония върху курса на съвременното зографство, Проблеми на приложните и изящните изкуства, НХА, София, 2009