„Жив организам“ во Галерија Пентименто, Софија / 8 ноември - 21 ноември 2017

„Жив организам“ е уметничкото дело, исполнето со својата индивидуална творечка аура и тоа живо присуство е она што авторот се обидува да го претстави. Работниот наслов на серијата слики  во почетокот од 2016 година беше „По трагите на Творецот“ и тие траги  уметникот продолжи да ги разоткрива и визуелизира, за да ги собере под формата на оваа изложба.

Авторот пред публиката го раствора имагинативниот свет и од него се појавуваат слики од неземни пространства, исполнети со форми на суштества кои постојат во своите одделни реалности. Сцените од тие светови, во кои се појавуваат некарактеристични форми на живот, ја имаат својата цел да не втурнат во доживување на една друга димензија. Преку сликите авторот ја потенцира возможната разновидност на реалноста и ја посочува загадочноста и неопределеноста на границите на животот. Како што природата или вишиот интелект на постоењето го дизајнира видливиот свет, така и уметникот мечтае преку својот визуален јазик и се насладува на неисцрпноста на имагинацијата и безкрајот на уметноста.

Постоењето е безцелно и во тој факт се крие насладата од животот