Изложба „Подрум“ во галерија АРТ 36 на ул. „Славјанска“ 40 во Софија / 16 мај - 30 мај 2018
Изложбата „Подрум“ е низ од платна насликани со маслена техника, создадени за просторот на галеријата АРТ 36 во 2018 година. Во него, авторот се обидува да ја визуелизира акумулацијата и складирањето на желбите, мечтите во човековиот внатрешен - ментален простор, претставен како подрум. Таму се наоѓаат стари правливи идеи и сфаќања кои чекаат да дојде нивниот момент, во кој ќе се манифестираат. Таму се натруповаат безброј тегли, содржини на неискусеното и посакуваното, кои со тек на време се повеќе тежат и го преполнуваат просторот. Различни реколти и вкусови на егото, толку човечки и апсурдни ... Сите тие се чуваат таму конзервирани за некоја загатната иднина, додека пред нив прелетуваат сенките на деновите кои никогаш не паѓаат по грб. Од сета оваа сивост на натрупаните ограничувањата и илузии во подрумот на современиот човек, се издвојува само црвената боја на крвта, како потсетник за вистинската реалност. Се редат слогани и клишеа наизменично како од реклами, преку кои мас-медиумите така нè имаат превоспотано и ни ги имаат покажано насоките на размислување, тие насоки се напишани на англиски јазик кој веќе се користи на Балканот. Трупањето на тегли продолжува додека деновите виорат на ветрот ... и сето тоа се случува во амбиентот на „АРТ 36“, во присуство на мачки, кои слободно се движат низ галеријата.