Изложбата „Метафизички слики“ на Иво Пецов беше отворена на 20 октомври 2020 г. во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија на ул. „Обориште“ 7. Со 20 дела, изработени во техниката масло на платно, авторот ги разоткри плодовите од својата дејност во последните 12 месеци.
„Оваа чудна година остави сериозни последици врз нашиот начин на мислење и комуницирање. Сликите кои ги претставувам се обид да се разреши загатката околу нашиот усет за слободата. Во нив се изразувам преку својот експресивен јазик, имајки потешкотии да бидам современ, додека истовремено многу повеќе ме привлекува безвременоста. Дефинитивно нашиот современ проблем го изврши своето влијание да ги создадам сликите, кои би го третирале моето чувството на изолираност во нашето COVID-19 време. Тоа време, кое е релативна категорија, се однесува кон просторот – кон предметите и симболите, кои го легитимираат и го прават распознатливо од искуството. Имено лоцирањето на времето врз линеарноста на неговиот тек кај мене е само загатнато, со намерно избрани оскудни симболи кои би напомниле за нашето совремие, за потоа набојот на творбата да го понесе гледачот кон сингуларноста на безвременоста. Совремието (кое покасно ќе е историја) е наводно тука и наводно постои, додека единственото безвременоста ја создава својата творечка реалност.
Можеби важен и значителен дел од сликите, кои ги имам создадено до сега, носат метафизичност во себе, заради мојата предодреденост да обраќам централно внимание врз метафизичките прашања, како: каква е улогата на човекот на Земјата, каква навистина ни е способноста за спознание на реалността и т.н., но ја нареков оваа изложба така бидејки во сите одделни творби има категорично единство од страна на естетичката насока. Во нив сум ја барал суштината на материјалноста, формата и времето, барајки ги одговорите надвор од нив, преку чистата свест. Тоа е и активно трагање – творечко трагање и продуктот од него се овие слики и изложбата која ја презентирам.“
Отворањето на изложбата помина со почитување на мерките за справување со COVID-19. Во таа смисла беше регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која беше важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите. Заради големината на галеријата, во еден ист момент можеа да присуствуваат 10 -12 посетители кои се задржуваа најмногу до 20 минути. За настанот беа обезбедени дезинфектанти и помошници внимаваа за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски беа задолжителни.
Официјалниот дел на вечерта беше предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои доаѓаа покасно можеа да го гледаат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.