• English
  • Български
  • Македонски

Иво Пецов за цртањето и поетската перцепција на светот. Интервју за Actualno.com, редактор Евгенија Чаушева

Како започна да црташ?
 
Сум цртал уште од своите најрани години, почетен период на кој дури и не се сеќавам добро, за кој покасно ми имаат кажувано родителите. Најраните сеќавања, кои ми се појавуваат во свеста и кои се сврзани со мене, се во момент во кој држам во раце пенкало и лист хартија, на моја 4 годишна возраст во Скопје. Тогаш имав поминато операција, со бодар и бестрашен дух бев пред тешката врата која покасно се затвора и целосниот мрак кој следeше во осамената соба. Тоа дете, кое е татко на човекот кој сум сега, ја предосеќало мојата денешна насоката во животот. Се случи така да не ги заборавам своите детски претпочитувања и покасно кога имав важни прашања во животот, секогаш се обраќав кон детето кое бев, за да го прашам за мислење. Најчестите прашања кои ги поставував беа од естетски карактер и во творештвото се стремев да ги задоволом моите првични пориви и трагања. Така гледам и денес на уметноста - уметноста која е спротивставена на нашата внатрешна детска чистота е искривена и против здравјето и животот на луѓето. Таквата уметност за жал денес е во изобилство и се продава на највисоки цени на пазарот на уметноста - нештото кое си го купуваш (ако имаш милиони), за откако си го поставиш дома, да те разболи.
 
Тоа ли е твоето поприште?
 
Цртањето е начин за откривање на световите во кои живееме. Така ги прават своите откритија децата, а уметниците продолжуваат по тој пат како едни големи деца. Во цртањето се среќаваат светот кој не опркужува и светот од човечките длабочини – длабочините, во кои престојува Творецот кој е извор за уметноста. Ликовното дело го поседува визуелниот јазик на светот кој не опкружува и светот на нашата индивидуалност и неповторливост. Моето беше да втурнам во таа авантура како нуркач кој се насочил кон приказен и недопрен свет, воден од својата желба, од длабочините да ги донесе на површината најубавите бисери.
 
Кога сфати дека тоа е твоето поприште?
 
Свесно открив дека би сакал да сум уметник на 14-годишна возраст, тоа решение ги засени моите наклоности од областа на музиката. Од тогаш во својата насока не сум се посомневал, иако мојот караткер често поставува под сомнеж многу прашања. Ликовната уметност стана моето поле на активност, уметноста ја внесе смислата на моето лично постоење. Во почетокот на моето ликовно образование, во отсекот „Графика“ на Уметничкото училиште во Скопје, за прв пат се сретнав со класичките графички техники, применета графика, сликарството со маслените и акрилик техники. Следеше период во кој бев силно вовлечен во магијата на графиката и тој продолжи по време на мојот студентски период во Софија. Мојата желба за подиректно и експресивно ликовно изразување ме исфрли во водите на сликарството, сферата во која денес најчесто творам. Мојата интенција за спознавањето на светот во неговата целост ме има водено до науката, музиката, поезијата..., но цртањето за мене е најудобниот јазик кој го користам.
 
Како е да си ликовен уметник?
 
Човекот кој црта е свесен за своето постоење, така размислувам јас. Ми го дава сфаќањето, дека сум вистински, како и другите, кои сеуште се немаат претворено во машини и роботи… Сметајки се себе си за љубопитен кон знаењето, за мене преку цртањето се отворија многу хоризонти, кои во минатите периоди се обидував да ги материјализирам во ликовни дела. Се разбира, како што се променуваа сфаќањата и хоризонтите кои ги следеа, така се променуваа и моите дела. Се покажав како уметник кој го променува својот стил и начинот на цртање зависно од мојата определба да погледнам кон еден или друг хоризонт. Мојата преокупација со уметноста ги оправда моите порани размислувања, дека човек треба постојано да расте и никогаш да не го запира ходот на усовршувањето. Животот е процес на постојано учење. Во тој дух ги завршив магистерските студии во 2005 година, во Националната ликовна академија во Софија и на истата академија ја одбранив докторската дисертација во 2010 година. По одбраната повторно бев среќен да се сметам за уметник, а не научник с титула од областа на науката. Повторно за мене се повтори фактот, дека покрај моите способности да навлегувам во различните сфери на знаењето, за мене најважно си останува поетското разбирање за светот, зашто тоа е најреалистичниот и вистински приод (кој повеќето луѓе го изопачуваат сметајки го за несериозен).
 
Зошто избра да го добиеш своето професионално образование во Бугарија?
 
Го завршив Државното уметничко училиште во Скопје 1999 година и уште пред завршувањето имав решено своето образование да го продолжам во Бугарија. За тоа решение ми помогнаа познати уметници во Р. Македонија, чие што мислење јас го почитувам. И така летото на 1999 година бев во Софија, за да земам учество на конкурсот на препорачаната и високо ценета академија од моите ментори во Р. Македонија. По завршувањето на студијскиот престој неколку пати се пробав да ја напуштам Бугарија, но сепак се случуваше така да повторно се враќав во Софија. Немав намера да останам во Бугарија и сакав барем најмалку да се вратам во Македонија, бидејки во тој период не бев посакуван од Западна Европа без виза (која што не успеав да извадам). Излезе дека Бугарија е земјата, која сепак ме прифати и во која го осеќав моето слободно дишење. Ценејки го тоа, останав да живеам во Софија.
 
Што мислиш за Бугарија, за Бугарите?
 
Домот ти е таму каде што можеш да се осеќаш себе си. Низ годините во Бугарија си создадов многу пријателства со луѓе, со кои заедно сме се изградувале като творечки личности, за време на студирањето во Академијата, со други имаме работено на проекти, а некои ми беа колеги на различни места, на кои имам работено во минатото. Тие ценети контакти тука се живи и се обидувам да ги ширам, зашто сметам дека личноста на секој од нас се збогатува преку контактите со другите. Некои околности ме направија да се осеќам покорисен во засилувањето на контактите меѓу културите на Р. Македонија и Р. Бугарија, во тоа ја визирам мојата дејност како организатор на културни настани во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија (за чие доверие сум благодарен на директорот на Центарот). Во Бугарија живеат прекрасни и талентирани луѓе. Јас сум благодарен на Бугарија, затоа што ме прифати и ми ја даде можноста тука да се образувам, усовршувам и да живеам меѓу пријатели.
 
Софија, 26.08.2016
 
Иво Пецов е роден во Македонија во 1980 год. Своето високо бразование го завршил во Националната ликовна академија во Софија, специјалност „Графика“ (четиригодишно образование во 2003 и магистер во 2005 година) кај професорите Стојан Стојанов - Течи и Здравко Стојанов. Во 2010 година успешно ја одбранува својата докторска дисертација во Националната ликовна академија, специјалност „Ѕидно сликарство“, под менторство на проф.Ружко Челебиев. Живее и работи во Софија.