Најголемото графичко биенале на Балканот, кое се одржа во салите на Градската уметничка галерија „Борис Георгиев“, беше отворено на 11 август 2023 година, а изложбата траеше до 30 септември 2023 година. Организатори на Биеналето беа Галеријата за графичка уметност – Варна, во партнерство со Општина Варна, Министерството за култура на Бугарија и Сојузот на бугарски уметници (СБХ).
Беа претставени уметници од 53 земји, со многу силно учество на уметници од Мексико, Тајланд, Јапонија, претставени се и држави како Јужна Африка, Бангладеш, Чиле, Порторико, Полска, Канада, Доминиканската Република и многу други.
Од близу 600 странски графики од 390 автори се избрани 376 дела од 210 автори, а бугарската презентација вклучува 114 автори со 158 графики.
Меѓународното жири беше составено од: претседател - светски познатиот бугарски графичар проф. Стоимен Стоилов, и членови Владо Ѓорески (Северна Македонија) – директор на Меѓународното триенале на графика – Битола, Лили Бошевска – директор на Културно-информативниот центар – Битола, доц. д-р Деница Јанева, професор во Великотрновскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, и Венцеслав Антонов, директор на Меѓународното биенале на графика – Варна.
Иво Пецов учествуваше на изложбата на Меѓународното биенале со графичко дело - „Игрите се менуваат, пробај да леташ“.