XXV јубилејна изложба на уметниците од населбата „Изгрев“ 2020 - „Изгревот на творештвото - четвртина век“ беше свечено отворена на 4 ноември во 18 часот, во зградата на Интерпред - во галерискиот простор Арт - Плејс (населба „Изгрев“, булевар „Драган Цанков“ 36, метро станица „Жолио-Кири“).
Изложбата беше организирана од населба Изгрев, под покровителство на градоначалникот д-р Делјан Георгиев, а беше реализирна со помош на Сојузот на бугарски уметници и Интерпред - СТЦ Софија АД.
„Ослободувачко средство“ на Иво Пецов беше дел од генералната селекција на споменатата групна изложба, во периодот помеѓу 4 и 27 ноември 2020 година, до кога траеше изложбата. Оваа графика, изработена во техниката сува игла, е во духот на претходно презентираната сликарска изложба на Иво Пецов од 2020 година:
Графиката „Ослободувачко средство“ е интерпретација на теракотната плоча од Виница, која датира од VI - VII век. Ранохристијанското дело и претставената старозаветна тема „Даниел меѓу лавовите“ е постаена во внатрешноста на искршен современ патен знак за забрана на движењето. На фонот на нашата современа изолација поради КОВИД-19 и престанокот на нормалниот ритам на животот, во ова дело се бара начин за ослободување преку античката молитвена поза на централната фигура. Делото во својот круг ги комбинира модерноста и античките човечки вредности. Дали е возможно нашата современост да биде ослободена со антички средства, како што е молитвата, и дали древноста или антчноста ни се толку далеку, колку што мислиме?