На 1 ноември 2023, во Националната галерија на Северна Македонија, објект „Мала станица“, беше отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Оваа Годишната изложба на ДЛУМ претставуваше пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. Изложени беа дела од областа на сликарството, скулптурата, графиката и „нови медиуми“.
Учеството на Иво Пецов на изложбата се состоеше од едно графичко дело, со наслов „Љубовта те води кон исчезнување“, за кое ја доби наградата за графика, за 2023 година.
Изложбата во Скопје можеше да се види до 11 ноември 2023 година.