На 31 јули 2023 година, претседателот на Република Бугарија Петар Стојанов (1997 – 2002 г.) го посети македонскиот КИЦ во Софија, каде што доби личен подарок од уметникот Иво Пецов. Авторот на подареното графичкото дело „Правилата се за цивилизираните“ му се обрати на претседателот Стојанов со порака за поголемо влијание од страна на добрината и интелигенцијата врз нашите општества, кои би ги замениле бучните манифестации на грубо однесување. Кратката средба беше срдечна и со јасно изразена благодарност и почит.
На 24 јануари 2022 од името на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА), авторот Иво Пецов ја подари лично сликата „Носителот на светлина и следбеници“ на премиерот на Бугарија Кирил Петков (2021 – 2022 г.), при што му посака многу светлина во неговата работа. Тоа се случи пред македонскиот премиер Димитар Ковачевски и многубројната делегација од двете влади, во просториите на КИЦ на РСМ во Софија.
На истото место порано, на 14 јуни 2018, Иво Пецов ја подари лично својата слика „Пред нова сезона, во меѓувремието“ на македонскиот претседател Ѓорге Иванов (2009 – 2019 г.) при што му обрати внимание на пораката на сликата и нејзиниот наслов, кој кореспондира со моменталната општествено емоционална ситуација, по тогашните политички решенија.