Изложба “Жив организам” во Прима Центер Берлин во Берлин, Германија / 30 ноември - 14 декември 2018

Содржината на делата акцентира врз неземни пространства, исполенти со форми на суштества, кои постојат во своите посебни реалности. Сцените од тие светови, во кои се појавуваат некарактеристични форми на живот, имаат за цел да не воведат во различна од нам познатата димензија на постоење. Преку своите дела, авторот ја истакнува возможната разновидност на реалноста и ја посочува таинственоста и неопределеноста на границите на животот. Както што природата или вишиот интелект на постоењето го создава видливиот свет, така и уметникот мечтае преку својот визуелен јазик и се насладува на неисцрпноста на имагинацијата, и бескрајноста на уметноста.