Друштвото на ликовни уметници на Македонија во 2021 година го одбележа својот јубилеј – 75 години од формирањето. По тој повод на 1 декември во Национална галерија на Македонија, во нејзините два објекти во Скопје – Чифте амам и Мала станица, беше отворена голема јубилејна изложба со дела од 292 членови на ДЛУМ од неговото основање до денес.
Меѓу изложените дела беше и полиптихот „Подрум“ на Иво Пецов од 2018 година.