На 25 јуни 2021, со почеток од 19:00 часот, во НУ „Трајко Прокопиев“ – Куманово беше отворена изложбата на тројцата автори: Иво Пецов, Марјан Ѕингаров и Свилен Стефанов. Изложбата се состоеше од над 30 сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите беа претставени во 2020 година како посебни самостојни изложби. Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Иво Пецов (Виница) и Марјан Ѕингаров (Струмица), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија. Експозицијата можеше да се види до 7 јули 2021.