По изложбата во град Мантуа, две од делата на Иво Пецов земаат учество на изложбата во Рим од 4-ти до 17-ти декември 2021. Изложбата посветена на Божиќните празници ќе се одржи во галерија "Il Collezionista" во Рим.
Порано овие дела на Иво Пецов беа дел од изложбата „Уметниците на музејот“ во Музеј Франческо Гонзага во Мантуа, Италија. Овој настан исто така беше организиран од галерија "Il Collezionista" од Рим. Изложбата, која беше отворена на 1-ви и траеше до 10-ти октомври, претстави 60 автори од Италија и други земји.