На 7 септември 2023 година, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, беше претставена книгата „Граница“ од познатиот македонски писател Луан Старова. Сликата „Земја која полетува“ на Иво Пецов од 2020 година се најде на корицата на ова барано книжевно дело од големиот писател.
Пред промоцијата на ова значајно книжевно дело, сликата „Разбудена вертикала“ од 2020 година е искористена во дизајнот на книгата „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, а сликата „Хоризонт“ од 2021 година учествуваше во дизајнот на книгата „Бунар“ од Димитар Башевски.
Визуелните обликувања на кориците на трите издадени книги се резултат од нематеријалната соработка и пријателство меѓу уметникот Иво Пецов и бугарската издавачка куќа „Изида“ од Софија.