• English
  • Български
  • Македонски

Графики од Иво Пецов на Конференција за економска и културна соработка меѓу Северна Македонија и Кина во Пекинг

Во Пекинг се одржа конференција за инвестиции и култура на Македонија организирана од македонската амбасада во Кина, од Глобалната платформа за економија и иновации и Стопанската комора на Санлитун.

На средбата присуствуваа кинески претприемачи од Кинеската асоцијација на мали и средни претпријатија, Кинеската стопанска комора во Пекинг, Стопанската комора Џианваи, Асоцијацијата Џишанг во Пекинг и Федерацијата за туристички градови во Кина.

Конференцијата ја отвори Тао Кингхуа, претседателот на Хуаксиа-меѓународен институт за истражување на таленти и Сашко Насев, амбасадорот на Македонија во Кина.

Кон крајот на конференцијата, Н.Е. Сашко Насев подари графички дела од уметникот Иво Пецов на градоначалникот на Санлитун, на претседателот на Стопанска комора и на лидерот на млади таленти.