На 23 февруари 2023 година во Дом на АРМ во Скопје беше отворена изложбата ,,Поместени граници” и траеше до 4 март 2023 година. Изложбата е дел од Годишната програма на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Кураторскиот концепт на изложбата го постави Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата беше насловена „КАДЕ Е ГРАНИЦАТА...?“
„Ослободително средство II“ на Иво Пецов, создадена во 2022 година, беше дел од експозицијата на дела на 22 автори, членови на ДЛУМ и тоа: Марија Мицова Гацова, Јана Луловска, Татјана Миљовска, Ема Петрова, Борче Богоевски, Слободан Живковски, Иво Пецов, Шќипе Мехмети, Марија Чепишева, Златко Глигоров, Стефан Јакимовски, Ана Спасова, Петар Миљковиќ, Ангел Димовски Чауш, Ацо Таневски, Стефан Младеновски, Ѓорѓи Динев, Душан Георгиевски, Нела Јанковска, Златко Бојковски, Зулејха Зибери Али, Љупчо Бојаров.
Изложбата беше отворена од претседателката на ДЛУМ, Јана Манева – Чупоска и претседателката на Уметнички совет на ДЛУМ, Дијана Томиќ Радевска.
Изложбата се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на Северна Македонија.