На 18 октомври 2022 во Националната галерија (Мала станица) се отвори Годишна изложба на Друштвото на Ликовните Уметници на Македонија. На оваа изложба учествуваа 55 автори, членови на ДЛУМ, кои се претставија во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.
Иво Пецов зеде учество со неговата графика од 2022 година „Слободата наспроти инерцијата“.