Од 14 до 28 март 2021 во галеријата [A] CUBE (ул. Љубен Каравелов 9, Софија), меѓу останатите изложени дела, можеше да се види сликарското дело „Црвени траги“ на Иво Пецов, со димензии 21 / 21 см., создадено специјално за изложбата посветена на нефигуративната апстрактна уметност. Изложбата беше отворена во работните денови, од вторник до петок меѓу 12:30 и 18:30 часот, како и во сабота меѓу 11:00 и 13:30 / 14:30 и 17:30 часот.

-Моето дело „Црвени траги“ говори преку боите и создаденото од само себе си пространство. Говори за расположение и го создава, за да се почувствува, без да може да се опише, а само да се наслика по начинот на кој јас го направив. Го насликав своето внатрешно пространство, без определена цел и замисла да третирам нешто што постои или да се обратам кон нешто конкретно од надворешниот свет во 2021 година. Со истиот медитативен начин на работа настанаа и уште три други дела со истата димензија.

"Црвени траги" како дел од изложбата "21x21" во Галерија [A] CUBE во Софија