На 16 јуни (четврток) 2016, со почеток од 19:00 часот, во Галерија „Арт 36“ (ул. „Славјанска“ 40, Софија) Иво Пецов ќе претстави свои акварелни творби.

До 4 јули 2016, посетителите ќе имаат можност да видат 20 дела во различни формати. Изложените акварели се плод на своевидна интроспекција и се создавани без стремеж кон создавање преднамерена ликовната порака, затоа содржат апстрактен набој и се претвораат во огледала, кои го разоткриваат внатрешниот свет на авторот.