На 30 јуни 2022 година во Уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“ во град Ловеч беше отворена групната ликовна изложба „Слобода?!“ која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија.
Изложбата официјално беше отворена од г-н Венцислав Христов, заменик градоначалник на Општина Ловеч и д-р Сашко Насев, директор на КИЦ на РСМ во Софија. Кон присутната публика се обрати и г-н Валентин Узунов, директор на Уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“.